Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!


Попис во странство Упатство за самопопишување

Постирано на: 3/5/2021


Верските заедници со силна поддршка за процесот на самопопишување на македонската дијаспора


„Имаме историска можност да добиеме реална слика за бројот на иселениците од Република Северна Македонија кои живеат во странство и таа шанса не смееме да ја пропуштиме. Со сесрдна поддршка и добронамерен поттик ќе успееме во оваа намера да ги поттикнеме нашите иселеници да се самопопишат“, истакна министерот за надворешни работи, г. Бујар Османи на денешната заедничка средба со поглаварите на трите најголеми верски заедници во државата, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски,  директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарјан Сотировски.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, ја поздрави организацијата на оваа средба оценувајќи ја улогата на верските заедници во процесот на самопопишување како извонредно важна и неопходна бидејќи и тие ќе имаат придобивки од имањето точна слика за иселениците низ светот. Нивната улога во информирањето на своите верници е извонредно значајна бидејќи верските заедници ги имаат потребните канали за проширување на информациите за Пописот во странство, а Државниот завод за статистика ќе им ги стави на располагање промотивните материјали и упатства за да ги споделуваат во дијаспората.

Верските поглавари изразија силна поддршка на процесот на самопопишување во странство истакнувајќи дека преку своите претставници на сите континенти ќе ги пренесуваат информациите за сите активности поврзани со Пописот 2021 и ќе ги поттикнат  нивните верници да ја исполнат должноста и да се самопопишат. „На тој начин се постигнува и една друга цел“, истакна поглаварот на МПЦ,, Г.Г. Стефан, „а тоа е потсетување на корените, односно кои сме и од каде сме“. 

И Агенцијата за иселеништво и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи изразија силна поддршка на процесот на самопопишување во странство ставајќи ги на располагање своите капацитети за комуникација со дијаспората и споделување на сите неопходни информации за начинот и придобивките од самопопишувањето.

Активности
































© 2021 - Државен завод за статистика | Сите права задржани