Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!


Попис во странство Упатство за самопопишување

Постирано на: 3/1/2021


Започнува попишувањето на одделни категории на лица


Денес започнува попишувањето на одделни категории на лица за да се обезбеди подобар опфат и квалитет на податоците за одделни категории население.

Во периодот од 1 до 15 март, Државниот завод за статистика ќе спроведе попишување на следниве категории на лица:

  • Лицата што за време на Пописот се наоѓаат во служба на Армијата на Република Северна Македонија, во државата или во странство
  • Лицата што за време на Пописот се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови
  • Лицата на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства што престојуваат заедно со нив
  • Лицата бездомници

Од 1 март до 21 април ќе се спроведе и самопопишување на лицата што за време на Пописот се наоѓаат во странство, преку апликацијата за самопопишување која од денес е достапна на следниве линкови:

Ги покануваме медиумите да бидат дел од овој процес на претходно попишување со цел навремено и соодветно информирање на граѓаните.

Активности
































© 2021 - Државен завод за статистика | Сите права задржани