Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!


Попис во странство Упатство за самопопишување

Постирано на: 3/18/2021


Повторна објава за пријавување на кандидати за реонски попишувачи


Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, за пописните реони каде недостигаат попишувачи. Огласот трае од 18 до 20 март 2021 година. Објавата за конкурсот може да се најде на следниов линк https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/DopolnitelenKonkursZaPopisuvaci_3_mk.pdf.

 

Апелираме до сите заинтересирани лица да се пријават на конкурсот и на тој начин да придонесат во креирањето на сопствената иднина.

 

Врвен приоритет на Државниот завод за статистика, покрај успешното спроведување на оваа најважна статистичка операција, е и нејзино безбедно спроведување од здравствен аспект. Уверуваме дека со доследно почитување на Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот, кој може да се најде на следниов линк http://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/Covi19Protokol_mk.pdf, нема ризик од заболување.

 

Исто така, за ангажманот лицата ќе добијат солиден надоместок, кој се пресметува врз основа на веќе воспоставена методологија.

 

Уште еднаш потенцираме дека Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 е од суштинско значење за иднината на Република Северна Македонија и сите ние имаме заедничка одговорност за негово успешно спроведување.

 

Со почит,

Државен завод за статистика

Активности
































© 2021 - Државен завод за статистика | Сите права задржани