Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!


Попис во странство Упатство за самопопишување

Постирано на: 3/16/2021


Попишувањето на дијаспората трае до 21 април 2021 година


Бројката на попишани секојдневно расте. Заклучно со денешниот ден околу 69000  луѓе од дијаспората се попишале преку онлајн апликацијата. Тоа е потврда дека процесот е успешен и апликацијата беспрекорно функционира. Според искуството на иселениците, потребни се  само 10 минути преку едноставната апликација да се попишат и со тоа да придонесат за подобра иднина на земјава.

Сакаме да ги охрабриме иселениците, доколку се соочат со прашање или проблем, нека ни се обратат на следнава електронска пошта: popis2021@stat.gov.mk, да ги советуваме и заеднички да ја надминеме пречката во случај да ја има. Затоа и апелираме да не се објавуваат непроверени информации поврзани со попишувањето. Нашите екипи будно го следат целиот процес и стојат на располагање за сите дилеми на дијаспората и медиумите.

 Уште еднаш ги охрабруваме сите оние кои живеат надвор од земјава да го остварат своето граѓанско право и заеднички да придонесеме кон успешен Попис.

Самопопишувањето на дијаспората трае до 21 април!

Активности
































© 2021 - Државен завод за статистика | Сите права задржани