Денеска започна попишувањето на одделни категории на лица. Меѓу првите кои што беа попишание се осудените и притворените лица во Казнено-поправната установа К’шање во Куманово. Првиот ден од попишувањето во оваа установа го следеа и директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски, министерот за правда, г. Бојан Маричиќ, како и заменик-министерот за правда, г. Агим Нухиу. Попишувањето започна навреме и се одвива во најдобар ред.