Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!


Попис во странство Упатство за самопопишување

Постирано на: 3/9/2021


Состанок со постојаниот координатор на ОН во Република Северна Македонија и директорот на Фондот за население на ОН УНФПА за Република Северна Македонија


Во рамките на кампањата за информирање на сите засегнати страни за активностите околу Пописот на население, домаќинства и станови, 2021, денеска се одржа средба помеѓу директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски, и постојаниот координатор на ОН во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дуџак, директорот на Фондот за население на ОН-УНФПА за Република Северна Македонија, г. Џон Кенеди Мосоти, шефот на канцеларијата на УНФПА за Република Северна Македонија, г-ѓа Афродита Шалја Плавјанска, и г-ѓа Јасмина Белчовска Тасевска, задолжена за управување со податоци и известување при Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН во Република Северна Македонија.

 

Состанокот помина во позитивна атмосфера на кој се дискутираше за тековните активности околу Пописот и досегашната соработка која Државниот завод за статистика ја имаше со УНФПА во рамките на подготовките за Пописот. Претставниците на институциите на ОН изразија свое задоволство од она пто Државниот завод за статистика го направи во целиот процес на подготовка и организирање на Пописот, особено во делот со примената на нова, напредна технологија и комбиниран пристап. Од аспект на делокругот на интерес на ОН, претставниците на институциите на ОН беа особено заинтересирани за податоците кои ќе се добијат од Пописот, особено за лицата со инвалидитет, лицата без државјанство, миграциите итн.

 

Заклучокот од состанокот е дека податоците од Пописот се многу очекувани и истите ќе бидат одлична основа за креирање политики за разни сегменти од општеството.

Активности
































© 2021 - Државен завод за статистика | Сите права задржани