Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!


Попис во странство Упатство за самопопишување

Постирано на: 3/5/2021


Средба на СКСЗМ со Државниот завод за статистика


Сојузот на стопанските комори на Северозападна Македонија  е една од најгласните институции во врска со прашањето за Попис на населението со цел државата да има точна слика за населението и анализите што се вршат да бидат точни и релевантни.

Иницијативата за Попис на населението по сите овие години ќе ѝ помогне на Република Северна Македонија во макроекономското планирање, демографските индикатори и каква било анализа на истите. Неспроведувањето на Пописот доведе до недостиг на податоци за тоа колку жители всушност има земјата, колку домаќинства и каква работна сила има на располагање државата.

СКСЗМ високо ја цени соработката со државните институции и во духот на досегашната соработка со Државниот завод за статистика ја изнесе оваа проблематика и повикува Пописот да се спроведе на транспарентен и професионален начин со цел ефектот да биде позитивен.

Активности
































© 2021 - Државен завод за статистика | Сите права задржани