Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!


Попис во странство Упатство за самопопишување

Постирано на: 3/9/2021


Средба со претставници на помалубројните заедници


Денес се одржа средба помеѓу Државниот завод за статистика, Агенцијата за остварување на правата на заедниците и претставници на невладини организации на заедниците, со цел целосно вклучување на помалубројните заедници во најголемата статистичка операција Попис 2021.

На средбата, Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, ја поздрави иницијативата на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и истакна дека е важно учеството на помалубројните заедници во статистичката операција Попис 2021, започнувајќи од учество на заедниците во делот на консултации и планирање на Пописот, сè до спроведувањето преку директно вклучување на припадници на заедниците во различните организациски структури на Пописот (комисии, инструктори, попишувачи).

Претставниците на невладините организации на заедниците ја пофалија оваа иницијатива, инклузивниот и отворен пристап на ДЗС во целиот процес. Побараа помалубројните заедници да бидат и понатаму опфатени во процесот и изјавија дека е потребно лидерите во заедниците да преземат одговорност и да се вклучат во информирање на својата заедница за важноста на оваа сеопфатна статистичка операција.

Активности
































© 2021 - Државен завод за статистика | Сите права задржани