Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!


Попис во странство Упатство за самопопишување

Постирано на: 3/25/2021


Новинарите и Пописот, 2021


Дваесетина новинари од локалните и регионалните медиуми, како и дописници од локалните заедници во државава, на  24 март, учестуваа на онлајн работилница посветена на претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите, 2021.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и портпаролот на Заводот, Јасмина Ѓоргиева, одговорија на бројните прашања на новинарите, кои главно се однесуваа на подготовките за теренско попишување на населението, за безбедноста на попишувањето, за текот на самопопишувањето на иселените лица, како и за обработката и заштитата на пописните податоци.

  • Процесот се одвива интензивно. Заклучно вчерашниот ден обезбедени се сите реонски инструктори. Денес започна нивната обука, која ќе трае три дена. Во недела ќе започне и обуката на попишувачите, со што ќе се заокружи процесот на подготовки. Имаме доволен број на учесници и работите се одвиваат добро, рече Директорот на Заводот.

Работилницата беше организирана во рамки на активноста „Статистика, не политика – Попис 2021“, спроведувана од НВО Инфоцентар, со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Активности
































© 2021 - Државен завод за статистика | Сите права задржани