Државниот завод за статистика ги известува сите граѓани во Република Северна Македонија дека попишувачите ангажирани за потребите на Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, имаат специјални овластувања издадени од Државниот завод за статистика. На предната страна од овластувањето се наведени податоци за попишувачот: име и презиме, број на лична карта, пописен реон и седиште на Комисијата на пописниот реон. На задната страна од овластувањето има број под кој истото е заведено во архивата на Државниот завод за статистика, како и потпис од директорот и печат од Државниот завод за статистика. Напоменуваме дека попишувачот кога ќе дојде во домаќинството, најпрвин треба да го покаже овластувањето и со својата лична карта да се идентификува. Доколку лицето нема такво овластување, Државниот завод за статистика апелира граѓаните да не го примат во својот дом .
Покрај овластувањето, попишувачите ќе носат и брендирани маици кои го содржат логото на Попис 2021. Сликовит приказ на маиците е , исто така, даден во прилог на ова известување.