Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!


Попис во странство Упатство за самопопишување

Постирано на: 2/25/2021


Известување за сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори


Државниот завод за статистика во Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за утврдување на надоместокот за извршените работи на учесниците во Пописот, 2021 година ги утврдува и надоместоците за реонските попишувачи и реонските инструктори.

Надоместокот за попишувачите за правилно внесени податоци во електронскиот прашалник се утврдува да изнесува:

  • за попишувач паушален износ од  4.000,00 денари;
  • за секое попишано лице  по 30,00 денари
  • за секој попишан стан по 20,00 денари;
  • за секое попишано домаќинство по 50,00 денари
  • за лице определено за резерва паушал од 5000,00 денари.
  • за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700,00 денари дневно.

 

Надоместокот на реонскиот инструкторот се утврдува да изнесува:      

  • за реонски инструктор  паушален износ од  5. 000,00 денари;
  • за секоe попишано лице од попишувачот  по 3,00 денари;
  • за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5,00 денари;
  • за секој попишан стан од попишувачот по 2,00 денари.

 

Ги поттикнуваме сите заинтересирани лица за учество во пописните активности да се пријават на Конкурсот за реонски попишувачи и реонски инструктори, а крајниот износ на надоместот ќе зависи најмногу од нив – од нивната професионалност, посветеност и квалитетот на извршеното попишување.

Активности
































© 2021 - Државен завод за статистика | Сите права задржани