Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!




Постирано на: 4/5/2021


Пописот се одложува за периодот од 5 септември до 30 септември 2021 година


Соопштение за јавноста

 

Собранието на Република Северна Македонија на 02.04.2021 година го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.74/2021). Со наведениот Закон, спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, наместо во периодот од 1 април до 21 април 2021 година, се одложува за периодот од 5 септември до 30 септември 2021 година. Со наведениот Закон, критичниот момент на Пописот е 4 септември 2021 година.

Со Законот се врши и усогласување на термините за спроведување на Пописот на одредени категории на население со посредство на Министерството за одбрана, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за надворешни работи, односно датумите 1 март до 15 март 2021 година се заменуваат со датумите 20 август до 4 септември 2021 година.

Воедно, спроведувањето на Пописот на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ќе продолжи до 30 септември 2021 година.

Со член 6 од Законот се утврдува дека со влегувањето во сила на овој Закон, избраните и именуваните реонски инструктори и попишувачи, избрани и именувани согласно со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија број 19/2021“), престануваат со работа.

Со влегувањето во сила на овој Закон, поединечните акти со кои се избрани и именувани реонските инструктори и попишувачи како учесници во спроведувањето на Пописот, престануваат да важат.

Реонските инструктори и попишувачи за спроведување на Пописот, согласно со овој Закон, ќе се изберат и именуваат по влегувањето во сила на овој Закон.

Активности
































© 2024 - Државен завод за статистика