Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!




Постирано на: 9/13/2021


Попишани над 400 000 граѓани


Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.

Во текот на вчерашниот ден, 12 септември, беа попишани 111 186 лица.

Државниот завод за статистика уште еднаш ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.

Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!

Активности
































© 2024 - Државен завод за статистика