Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!




Постирано на: 9/4/2021


Прес на Државниот завод за статистика по повод почетокот на Пописот на население, домаќинства и станови, 2021


Државниот завод за статистика одржа прес-конференција по повод почетокот на Пописот на население, домаќинства и станови, 2021, кој започнува утре, 05 септември, во 8 часот.

На прес-конференцијата обраќања имаа директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски, заменик-директорот на Државниот завод за статистика, г. Илми Селами, министерот за правда, г. Бојан Маричиќ, и заменик-министерот за правда, г. Агим Нухиу.

Директорот на Државниот завод за статистика истакна дека сè е подготвено за утрешниот старт на попишувањето и упати апел до граѓаните со доверба да ги примат попишувачите. Оваа акција е од интерес за сите нас и е привилегија и чест да се учествува во Пописот со самото тоа што секој еден од нас ќе одговори на поставените прашања. Тоа значи грижа за подобар живот за себе, но и за идните генерации. Податоците од Пописот претставуваат основа за подобро утре за нас и за нашите деца.

Г. Илми Селами, пак, во своето обраќање се осврна на Протоколот за спроведување на Попис во време на Ковид и заштитните мерки кои се пропишани во истиот - попишувачите максимално ќе ги почитуваат и применуваат заштитните мерки пропишани, но, исто така, апелираше и граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки за сите да се чувствуваат безбедно.

Како што е познато, Пописот на население, домаќинства и станови, 2021 започнува на 5 септември, во 8 часот, а ќе заврши на 30 септември, во 20 часот. Во тој период, во Државниот завод за статистика ќе функционира контакт центар каде граѓаните ќе можат да се информираат за сите прашања или нејаснотии кои би ги имале.

1. https://youtu.be/K3AxfOTNwgo
2. https://youtu.be/z_PV1VTUnlU

Активности
































© 2024 - Државен завод за статистика