Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!




Постирано на: 8/12/2021


Пријавувањето на кандидати за Попис 2021 продолжува до 17 август


И покрај продолжувањето на Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори, кој, еве, веќе трае 24 дена, во некои општини во државата (сите скопски општини, Струмица, Ново Село и Охрид, како и општините каде што доминира албанско население) нема доволно пријавени кандидати. Апелираме до граѓаните, особено во овие општини, да се пријават на електронската апликација која ќе остане отворена и достапна за пријавување до 17 август, и да земат учество во оваа исклучително важна статистичка операција. Учеството во пописните теренски активности не е бесплатно – попишувачите и инструкторите, во зависност од пописните кругови во кои ќе работат, но и во зависност од квалитетот и брзината со која ќе ја извршуваат работата, можат да заработат и до 40.000 денари.

Свесни сме дека е време на летни одмори, време на сезонски работи во земјоделството, но Пописот 2021  ќе се спроведе од 5 до 30 септември, така што ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават и да се придружат на тимот Попис2021!

Активности
































© 2024 - Државен завод за статистика