Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!




Постирано на: 9/6/2021


Соопштение за јавност


Денес, 6 септември, во претпладневните часови се појавија спорадични и локациски изолирани проблеми при  процесот на попишување на населението на терен. Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии. 

Колку за илустрација,  во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата.

Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации.

Активности
































© 2024 - Државен завод за статистика