Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!




Опфат на пописот



Кој се попишува?

Со Пописот се опфaќаат следните единици:

1. Лица

Со Пописот се опфаќаат:

  • државјаните на Република Северна Македонија кои имаат живеалиште или престојувалиште во Република Северна Македонија, без оглед на тоа дали во моментот на Пописот се наоѓаат во земјата или во странство;
  • странските државјани кои се присутни во Република Северна Македонија со одобрение за престој;
  • странците со поднесено барање за признавање на право на азил, признато право на азил поради супсидијарна заштита и со признат статус на бегалец и
  • лицата без државјанство кои во моментот на спроведувањето на Пописот ќе се затекнат во Република Северна Македонија.

2. Домаќинства

  • сите домаќинства (согласно со дефиницијата за домаќинства) на лицата-единици на Пописот.
  • колективните домаќинства (составени од лица кои живеат во установи за трајно згрижување на деца и возрасни, во манастири, домови и слично).

3. Станови

  • сите станови во земјата, наменети за живеење, без оглед дали се користат за постојано или повремено живеење (за одмор и рекреација, сезонски работи) или се ненаселени станови.
  • сите други видови простории или објекти кои не се станови во смисла на дефиницијата за стан, но за време на Пописот се користат за живеење (други населени простории, населени деловни простории, импровизирани живеалишта и колективни живеалишта).
  • колективните станови (домови и хотели за самци, домови за пензионери, стари и изнемоштени лица, студентски домови, манастирски конаци и сл.).

 

Кој не се попишува?

1. Лица

  • дипломатскиот персонал на странските дипломатско-конзуларни претставништва во Република Северна Македонија, како и членовите на нивните семејства;
  • странскиот воен персонал и членовите на нивните семејства, лоцирани во Република Северна Македонија, како и членовите и претставниците на меѓународните организации и заедници кои во моментот на Пописот престојуваат во Република Северна Македонија;
  • странските државјани кои во времето на Пописот се наоѓаат во Република Северна Македонија поради службен пат, приватна посета, годишен одмор, лекување, екскурзија, туристички и слични патувања;
  • странските државјани што поради работа или школување дневно ја поминуваат државната граница.

2. Станови

  • становите на дипломатско-конзуларните претставници на странски земји и становите во сопственост на други држави;
  • ненаселените (празните) станови кои се иселени поради нивно рушење;
  • празните станови во зградите во кои сѐ уште не е дозволено вселување;
  • објектите кои во целост се користат за сместување на земјоделски орудија и алати, земјоделски производи, огрев и сл., или се користат за преработка на земјоделски производи.
  • колективните станови во кои не живее ниту едно индивидуално домаќинство (домови и хотели за самци, домови за стари лица, студентски домови, манастирски конаци и сл.)
Заштита на лични податоци
Упатства за попишување
и COVID 19 протокол

© 2024 - Државен завод за статистика