Политика за приватност
Оваа Политика за приватност дава општи информации за обработката на личните податоци. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања, што се засноваат на Законот за Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.19/21 и 74/21).
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Државниот завод за статистика (во натамошниот текст: ДЗС), со седиште на ул. Даме Груев бр. 4, Скопје, Република Северна Македонија.
Државниот завод за статистика е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Република Северна Македонија. Основни функции на институцијата се прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество. Освен тоа, Државниот завод за статистика е основен носител и координатор на статистичкиот систем на земјата, тој е одговорна институција за меѓународната соработка во областа на статистиката, како и за дефинирање на статистичките методологии и стандарди и за обезбедување заштита на индивидуалните податоци што се прибираат од индивидуални лица и од правни субјекти.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
-
податоци за пријавени лица по распишаниот конкурс за избор на реонски попишувачи и инструктори;
-
податци за избрани лица по распишаниот конкурс за избор на реонски попишувачи и инструктори;
-
податоци за лицата-претседатели на комисиите на пописните реони и членовите на комисиите.
Категории на податоци кои се обработуваат
-
Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет-страница, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
-
Вашата IP адреса;
-
Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
-
Вашиот оперативен систем;
-
Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
-
Страниците кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го минувате на секоја страница;
-
URL на страницата која ве префрлила на нашата веб-страница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страницата на ДЗС;
-
Јазикот на пребарувачот кој го користите;
-
Држава (се одредува преку IP адресата).
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб-страницата ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страница.
-
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Податоците кои лицата доброволно ги доставуваат се однесуваат на потребата од пополнување на електронската пријава со што ја изразуваат својата волја да учествуваат во спроведувањето на Пописот 2021 во својство на реонски попишувач или реонски инструктор. Заради учество во постапката за избор на попишувач или инструктор, избор и распределба на примените кандидати по пописни реони, подготовка на овластувањата и договорите за дело, како и исплатата на надоместокот на учесниците, се прибираат следниве податоци:
-
име и презиме на лицето,
-
ЕМБГ на лицето,
-
адреса и населено место,
-
етничка припадност,
-
мобилен телефон на лицето,
-
електронска адреса.
3. Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
-
преку нашата официјална електронска адреса: info@stat.gov.mk;
-
преку пошта;
-
по факс.
4.Категории на корисници на лични податоци
Прибирањето на личните податоци од страна на Државниот завод за статистика конкретно го вршат овластени лица, вработени во Заводот. Податоците исклучиво се обработуваат за целите на Пописот и во никој случај не се доставуваат на трети лица. Особено ЕМБГ и податокот за етничката припадност се посебно заштитени и не се достапни и видливи за вработените во Заводот, освен за лицата кои се овластени за тоа.
5.Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
6.Кои се вашите права
Доколку во подготвениот документ-договор за дело, овластување или решение за избор на попишувач или инструктор воочите грешка, имате право на корекција на личниот податок
7.Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
Офицер за заштита на лични податоци:
Слободан Малевски
тел:02/3295 679;
е-пошта: Slobodan.malevski@stat.gov.mk
Заменик-офицер за лични податоци:
Кирил Трајаноски
тел:02/3295 670;
е-пошта: Kiril.trajanoski@stat.gov.mk